Формирано координативно тело за борба против аерозагадувањето во Струмица

29.11.2026 12:12

Општина Струмица формираше координативно тело кое ќе се справува со аерозагаденоста. Екоактивистите бараат откривање и казнување на загадувачите. На терен ќе излегува и акредитирана лабораторија за да може делата да бидат издржани пред судовите.

Координативно тело составено од претставници на повеќе институции ќе работи на терен за да се спречи аерозагаденоста во Струмица. Ќе се прават заеднички контроли, ќе се откриваат и казнуваат сторителите, а ќе се подига и јавната свест кај населението.

За екоактивистите проблем е и појавата на сулфурните концентрации во воздухот.

Со оглед на тоа што инспекциските служби имаат проблем со докажувањето на можните извори на загадување, градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, најави ангажман и на акредитирана лабораторија.

Струмица лани беше еден од позагадените градови во Македонија, а имаше и протести.

Ване Трајков