Морбилите го зголемија интересот за вакцинација, но опфатот останува предизвик
Еден месец од појавата на морбилите во земјава, информацијата ја зголеми фреквенцијата во вакциналните пунктови, но стравот брзо помина, па опфатот останува предизвик за лекарите и здравствениот систем.. Каква е состојбата во вакциналните пунктови во Скопје и Куманово, зборуваат докторките од превентивна здравствена заштита.

Еден месец од појавата на морбилите во земјава, информацијата ја зголеми фреквенцијата во вакциналните пунктови, но стравот брзо помина, па опфатот останува предизвик за лекарите и здравствениот систем. Законот за заштита од заразни заболувања само на хартија, зашто во градинки и училишта имаме неимунизирани деца, вели докторката Ристова.
Во Куманово интересот за МРП-вакцина месецов е задоволителен, вели раководителката на превентивната здравствена заштита Валентина Богоевска Димитриевска. Месецов 230 деца се имунизирани, за разлика од септември и октомври, кога оваа бројка се движела околу 45. Но проблем сега се јавува со ревакцинацијата на училишните деца.
Богоевска Димитриевска вели дека во Куманово постојано ги повикуваат родителите да ги имунизираат децата. На училишна возраст вакцинирани се 74 проценти од децата, на предучилишна - 35-40 проценти, што е далеку од 95 проценти потребни за колективен имунитет.
Наташа Јанчиќ Менковски
