Потфрли родот на јаболкото
Преспанскиот регион е еден од најголемите производствени региони на јаболко во Македонија, но поради лошите временски услови, просечниот род годинава потфрли не само кај квалитетот, туку и количински. Наместо вообичаените 100 до 120 се очекува да тежи само 80 илјади тони.

Намаленото количество на јаболкото е резултат на касните пролетни мразеви и врнежи во периодот на цветање .
Градот кој во јули уништи скоро половина од производтсвото на јаболка придонесе само 40.000 тони да бидат со повисока класа за продажба на пазарот, а другиот дел ќе треба да заврши во преработувачката индустрија.
Иако бербата не е во полн ек, досега се извезени и мали количества во Србија и Црна Гора, по цена од 16-22 ден за килограм.
Лани во Преспа се произведоа скоро 105.000 тони јаболко, а се откупуваа по слични цени како и годинава.
Методија Трајков
