Протести во Турција: Курдите бараат заштита од Анкара против ИДИЛ

08.10.2014 10:14

Демонстрантите се незадоволни од напредувањето на џихадистите од Исламска држава и немешањето на Анкара во заштита на курдското населени во Сирискиот град Кобане...

Десетици мртви за време на протестите во Мус и Дијарбекер, најголемиот курдски град во  југоисточниот дел на Турција каде живее мнозинско курдско население. Во Истанбул и низ 20 турски провинции дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Во протестите учествуваат турски Курди, приврзаници на прокурдските партии и на сепарастичката Курдска работничка партија. Демонстрантите се незадоволни од  напредувањето на џихадистите од Исламска држава и немешањето на Анкара во заштита на курдското населени во Сирискиот град Кобане.

Активностите на демонстрантите ги мобилизираа службите за безбедност на шест провинции кој воведоа полициски час, објавија турските медиуми. Група демонстранти искршиле продавници и дел од општинската сопственост, а во неколку населби во Истанбул поставија барикади и фрлаа камења и чадни бомби по полицијата.

Силите на редот употребија солзавец и водни топови. За сега нема информации кој употребил огнено оружје и за тоа е поведена истрага. Во понеделникот протести беа одржани во Германија, Франција , Холандија и во Белгија пред Европарламентот. 

„Борците мораат да бараат да ги опслужуваат со оружје. ИДИЛ се бори со тешка артилерија и тенкови, а Курдите многу тешко се бранат. Итно им е потребна испорака на оружје“, вели претседателот на Курдската федерација.

Џихадистите на ИДИЛ веќе три седмици го држат под опсада третиот по големина град во оваа земја кој се наоѓа во близина со границата со Турција. Меѓународната заедница мора итно да дејствува за да го спаси градот Кобане, порача специјалниот претставник на ОН за Сирија, Штефанде Мистура.

Во меѓувреме расте бројот на земјите кои се приклучуваат на борбата против милитантите на самопрогласениот калифат. Канадскиот парламент одобри воздушни напади во Ирак по барање на Соединетите држави. Беше изгласан предлогот на владата на премиерот Стивен Харпер за воздушни напади во траење од шест месеци.

 

Маријана Димовска