Нимиц ќе претстави нов предлог за името

08.10.2014 10:29

Она што ќе го донесе Нимиц, можеби и пред крајот на октомври ќе бидат пакет предлози кои ќе вклучуваат нова верзија на името и многу други теми: иредентизам, јазик, пишува весникот...

Медијаторот Метју Нимиц во наредните недели до Атина и Скопје ќе претстави нов предлог за можно решение за прашањето за името, јави дописникот на МИА од Атина.

Ова го пишува грчкиот весник „Елефтеротипија“, повикувајќи се на извори од седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Она што ќе го донесе Нимиц, можеби и пред крајот на октомври ќе бидат пакет предлози кои ќе вклучуваат нова верзија на името и многу други теми: иредентизам, јазик, пишува весникот.

 Ако се точни информациите од ОН, според „Елефтеротипија“, Самарас за многу брзо време ќе треба да се соочи со прашањето за името на Македонија, што очигледно ќе има влијание врз случувањата во домашната политика, во која е нагласена довербата на владата на Самарас.