Македонија ќе ја задржи препораката, условите остануваат исти!
Според делови од извештајот за напредокот за земјава лиферувани од одредени медиуми, и натаму главен предуслов е владеењето на правото и слободата на изразувањето...

Македонија ќе ја задржи препораката на Европската комисија по 6-ти пат, но остануваат истите услови како и во досегашните препораки на Брисел.
Според делови од извештајот за напредокот за земјава лиферувани од одредени медиуми, и натаму главен предуслов е владеењето на правото и слободата на изразувањето.
Нотиран е напредок во економскиот дел, како и во правосудството, но сите извештаи за Западниот Балкан говорат генерално за назадување на регионот.
Денеска во канцеларијата на Европската Унија во Скопје со видеоконференциска врска ќе биде претставен извештајот за Западниот Балкан и Турција, меѓу кои и за земјава.
За еврокомесарот во заминување, Штефан Филе, проширувањето треба да биде императив и во наредниот период.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски оцени- извештајот на Комисијата е „брод на суво“. Нема резултати!
