Германска „Интрама“ од следната година ќе произведува прехрамбени производи во Струмица
Нова инвестиција во Струмица. Германската компанија „Интрама“ отвори изложбен салон, а од наредната година се планира да започне и со производство на прехранбени производи...

Германската компанија „Интрама“ отвори дистрибутивно- изложбен салон во Струмица. Германскиот инвеститор планира тука на лице место пред потенцијалните клиенти да ги покаже системските решенија од областа на прехрамбената индустрија.
Во прво време, капацитетот вреден над милион евра ќе се користи како изложбен салон, но во втората фаза тука ќе почне и производство.
Странските инвеститори велат дека во Македонија гледаат сериозен партнер кој треба што поскоро да стане дел од Европската унија.
„Ние сме оптимисти дека ова ќе биде многу успешно. Со отворањето на центарот веруваме дека Македонија се повеќе напредува и дека со големи чекори ги следи европските трендови и дека ќе стане дел од Европската фамилија. Нашиот центар, како и фирмите со кои соработуваме ќе бидат погодни како за македонската, така и за европската економија. Ние како инвеститори ќе ги овозможиме и најдобрите услови за работа за нашите вработени“, изјави проф. д-р Франк Улрих, сопственик на „Интрама“.
Компанијата „Интрама“ работи веќе 20 години, а пристутна е во повеќе балкански држави.
Ктерина Давчева
