Одбојка СП жени – Италија 2014

Почеток на третата мундијалска фаза

08.10.2014 12:13

Светското првенство за одбојкарки во Италија влегува во нова, повисока фаза. На натпреварувачкиот полигон останаа шест селекции, чија цел е влез во полуфиналето, во завршната битка за медалите.Поделени се во две групи. На едната страна Италија, САД и Русија, на другата Бразил, Кина и Доминиканската Република. По дводневното затишје, денеска следат нови искушенија. „Медиоланум форум“ во Милано своите порти најнапред ќе ги отвори за селекциите на Бразил и Кина. Во поновата мундијалска историја често мораа да играат меѓусебе.

Светското првенство за одбојкарки во Италија влегува во нова, повисока фаза. На натпреварувачкиот полигон останаа шест селекции, чија цел е влез во полуфиналето, во завршната битка за медалите.Поделени се во две групи. На едната страна Италија, САД и Русија, на другата Бразил, Кина и Доминиканската Република. По дводневното затишје, денеска следат нови искушенија. „Медиоланум форум“ во Милано своите порти најнапред ќе ги отвори за селекциите на Бразил и Кина. Во поновата мундијалска историја често мораа да играат меѓусебе. Кина е со повеќе успех, со четири победи и два порази. Бразил е единстената  непоразена репрезентација во Италија. Бразилките се во фантастична серија од 30 победи на последните 32 натпревари на светските првенства!

Актери на вториот дел од возбудливата одбојкарска вечер се Италија и САД.Домаќинот на светското првенство е пред голем императив.Неодминлив е притисокот од италијанската одбојкарска јавност е да се мине и преку овој параг и да се зачекори во просторот  кој води кон медал-подиумот. Од седумте меѓусебни мундијалски битки досега, на последните четири се радуваа Италијанките. Таа радост беше најсилна во 2002-та кога во финалето славеа со 3:2 и го освоија златниот медал. Американките деновиве се силни и самоуверени. А, тоа е гарант за одлична одбојка во „Медиоланум форум“ пред 12 илјади гледачи.