Европската комисија со шеста препорака за преговори со Македонија

08.10.2014 13:04

Забелешките волгавно се оденуваат на непостоење политички дијалог...

Европската комисија денеска шеста година по ред препорачува Македонија да ги отпочне преговорите за членство со Европската унија. Но, во нацрт- извештајот стои дека жали за чекорите наназад направени во текот на изминатата година. Во извештајот на неформалната Влада на Европската Унија, нотирано е дека земјата во доволна мера ги исполнува политичките и економските критериуми за отпочнување на преговорите.

Завршени се голем дел од реформите во однос на судскиот систем и генерално постигнато е високо ниво на усогласеност на законодавството, политиките и административните капацитети, оценува Комисијата.

Забелешките волгавно се оденуваат на непостоење политички дијалог. Официјален Брисел веќе неколку пати досега одговорноста ја лоцираше во владата и во опозицијата во истовреме. Политичката дебата треба да се води во собранието- е ставот на Европската комисија.

Загриженост е изразена во делот на слободата на медиумите и влијанието врз државните институции. Во извештајот е наведено дека земјата активно учествува во регионалната соработка и понатамошното развивање на билатералните односи со соседите. Но, прашањето за името продолжува да влијае во односите со Грција- држава поради чие право на вето во Европскиот совет, Македонија веќе шест години се наоѓа пред вратите на Европската унија.

Во делот на еконосмките критериуми, Комисијата забележува економски раст, финансиска стабилност, но и висока стапка на невработеност.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ