Одложено денешното рочиште за случајот „Ровер“
Судијата одлучи така поради здравствената состојба на шестообвинетиот обвинетиот, Ивица Ристиќ, и на претходно барање на неговите адвокати поради влошеното здравје.
Во судницата беше повикана екипата на Брзата помош. Лекарите интервенираа со инфузија на самото место.
Обвинетиот Ристиќ е сопственик на кафаната во скопската населба Капиштец пред која се случи убиството на Марјан Тушев и Киро Јанев во 2001 година.

Седмообвинетиот во случајот, Љубе Бошковски, почетокот на судското рочиште го проследи мирно, а паузата ја искористи за разговори со најблиските и неговите пријатели.
Наташа Гркова-Петрушевска