Фудбал

Македонија подготвена за Луксембург, за враќање на победничката атмосфера

08.10.2014 14:19

Селекцијата на Луксембург игра организиран и модерен фудбал и воопшто нема да ни биде лесно да ги освоиме трите бода, но ова е натпревар кој едноставно мора да се добие за да се врати атмосферата по високиот пораз на стартот од квалификациите против Шпанија. Селекторот Ѓуровские задоволен од присуството и подготвеноста на сите повикани фудбалери кои ќе имаат конкретни задачи, како предуслов за освојување на трите бода.

Селекцијата на Луксембург игра организиран и модерен фудбал и воопшто нема да ни биде лесно да ги освоиме трите бода, но ова е натпревар кој едноставно мора да се добие за да се врати атмосферата по високиот пораз на стартот од квалификациите против Шпанија. Селекторот Ѓуровские задоволен од присуството и подготвеноста на сите повикани фудбалери кои ќе имаат конкретни задачи, како предуслов за освојување на трите бода. Македонија мора да игра офанзивно и да го контролира поседот на топка, истовремено да ги неутрализира противничките играчи да создаваат шанси во и пред нашиот казнен простор.Формациски Македонија ќе игра во 4-4-2 или 4-2-3-1, асо исклучок на една до две алтернативи, поголеми дилеми околу составот речиси нема.

Слично размислува и Александар Трајковски, за кого ова е предизвик за успешен резултат кој никако не би смеел де пропушти. Секако, за да се победи Луксембург е неопходно максимално залагање на сите кои ќе истрчаат на теренот, и да се изборат за првите бодови пред гостувањето во Лвов против репрезентацијата на Украина.

Натпреварот Македонија – Луксембург се игра утревечер на националната арена „Филип 2 Македонски“ со почеток од 20.45 часот, а студиската емисија посветена на овој настан почнува од 20.15ч.