Екстерното тестирање подостапно за учениците
Вечерва по 21 часот државниот испитен центар ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање. Директен линк до базата со околу 60.000 прашања ќе има и од веб-страниците на министерството за образование и наука, бирото за развој на образованието и центарот за стручно образование и обука, а на своите сајтови ќе ја преземат и средните училишта. Во јануари екстерно тестирање ќе полагаат само матурантите и оние штo завршуваат средно образование со трета година.
Вечерва по 21 часот државниот испитен центар ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање. Директен линк до базата со околу 60.000 прашања ќе има и од веб-страниците на министерството за образование и наука, бирото за развој на образованието и центарот за стручно образование и обука, а на своите сајтови ќе ја преземат и средните училишта. Во јануари екстерно тестирање ќе полагаат само матурантите и оние штo завршуваат средно образование со трета година. Министерот за образование и наука ги демантира информациите кои се појавија од одредени наставници и училишта дека екстерно тестирање ќе полагаат и осмооделенците.
Прашањата за екстерното тестирање на увид на учениците на интернет-страницата на ресорното министерство, државниот испитен центар, бирото за развој на образованието и центарот за стручно образование и обука. Потребно е да избере година на средно образование, трета или четврта, струка и предмет за прашањата да можат да се симнат во пдф формат. Прашањата се достапни на македонски, албански и на турски јазик.
„ Задоволен сум од сработеното и од тоа како треба да изгледа целиот систем за да биде многу подостапен. Прилично е унапреден кон потребите на учениците. Очекувам зголемен пристап до базата во наредните денови. Во просек има околу 2.000 до 3.000 прашања по ученик и во зависност од бројот на часовите по соодветен предмет, ќе има од 200 до 400 прашања кои еден ученик ќе треба да ги знае во двата дена на полагањето.“ Истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски .
Матурантите ќе полагаат екстерно на 22- ри и 24-ти јануари. Двата предмета ќе бидат објавени три дена пред полагањето. До 10-ти јануари може да се пријави и неправилност за одредено прашање. Ќе ги разледува стручен тим и ако има потреба, ќе се направат корекции. Од министерство за образование апелираат сајтот да го посетуваат само учениците кои ќе полагаат во јануари за да нема технички проблеми. Другите генерации од трето одделение до трета година ќе полагаат во истиот период како лани, кон крајот на учебната година.
Ана Јосифоска
