Илјада градежни работници ќе ги сертифицираат знаењата во областа на енергетската ефикасност
Ќе се сертифицираат знаењата и вештините на пет занимања од градежниот сектор...

Илјада градежни работници ќе добијат сертификати за знаење и искуство од областа на енергетската ефикасност,а ќе бидат обучени и 200 тренери кои ќе имаат задача да се грижат за обуката и образованието во пет приритетни занимања.
Проектот познат како „Обука на градежни работници за енергетска ефикасност“ се реализира во рамки на Build Up Skills иницијативата што беше воспоставена во Европа во јуни 2012 година.
Ќе се сертифицираат знаењата и вештините на пет занимања од градежниот сектор и тоа фасадери, столари, техничари за греење, ладење и климатизација, кровопокривачи и електричари. За нив огласот ќе биде објавен во мај следната година. Сертификатите што ќе ги добијат ќе бидат признани освен во Македонија, и во Хрватска и Словенија.
Според проценките во следните 5 години на градежните компании ќе им бидат потребни најмалку 9.800 обучени работници.
