Лавров: Русија е подготвена за заеднички акции со Западот
Русија е подготвена да воспостави канали за заедничко делување со Западот, кога западните партнери ќе покажат слично разбирање, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Тој како придобивки од заедничките акции ги наведе справувањето со меѓународниот тероризам, ширењето на вирусот на ебола, оружјето за масовно уништување, енергетската безбедност и друго.

„Едно малцинство меѓу западните држави, малцинство, кое им диктира на другите западни држави, е подготвено да ги жртвува сите тие задачи, заеднички за меѓународната заедница, за да демонстрира незадоволство од однесувањето на Руската Федерација“, посочи Лавров.
Тој посочи дека Москва смета оти недозвиливо е паролите за борба со тероризмот да се користа за смена на режими.
„Сите акции преземени за борба против Исламска држава, како и со секоја друга терористичка структура, треба да се во согласност со меѓународното право. И на прво место да се во согласнот со законите на одредени територии“, рече Лавров.