Припадниците на Исламската држава соборија уште еден хеликоптер во Ирак
Ирачки претставници денеска соопштија дека припадници на екстремистичката група Исламсла држава собориле ирачки воени хеликоптер во близина на рафинеријата во градот Беиџи, при што загинале двајцата пилоти.
Претставници на ирачката воена авијација посочија дека екстремистите употребиле рачен фрлач во соборувањето на хеликоптерот Бел 407.
Во Беиџи, кој се наоѓа на околу 200 километри северно од Багдад, се наоѓа најголемата ирачка рафинерија за нафта.

Тоа е втор ирачки хеликоптер соборен од борците на ИД во близина на Беиџи. Тие во петокот соборија хеликоптер Ми-35, при што загинаа пилотот и копилотот.