Голем интерес на компаниите за евтините кредити од ЕИБ

08.10.2014 16:14

Се ситни четвртата транша евтини кредити. Интересот за последните 100 милиони евра од новата кредитна линија од Европската инвестициска банка е голем, тврдат во Владата. Субвенционираната каматна стапка од 5,5 проценти и поволните услови за отплата им помогна на компаниите. 40 компании поделија 10,9 милиони евра и отворија 185 работни места. Во моментов тече трансферот на уште 10 милиони наменети за 59 проекти. Идниот месец 20 компании ќе добијат 7 милиони евра.

„Проекциите предвидуваат со оваа четврта кредитна линија од 100 милиони евра, чија што реализација е во тек, се предвидува некаде отоврање над 2.000 нови работни места, а во најголем дел ќе бидат финансирани потреби на компании кои се во рамките на производството, преработувачката индустрија, но ќе има средства и на компании кои се од областа на земјоделието“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Кредитната линија од ЕИБ прв пат беше достапна во 2009-та. Во трите досегашни фази вредноста изнесуваше 250 милиони евра. Со парите се поддржаа повеќе од 1.200 проекти, а се овозможи и отворање на околу 5.000 работни места вели портпаролот Ѓорѓиев.

Најголем дел од парите искористија производствените компании, добија и трговците, фирмите од услужните дејности, транспортерите, градежниците.

Дијана Ценевска