Поголема достапност на лекови: 66 рурални средини ќе добијат аптеки

08.10.2014 16:19

Фирмите кои имаат повеќе од две аптеки во населени места или пет низ цела држава имаат обрска да отворат аптеки во рурални средини...

Над 130 илјади жители ќе имаат пролесен пристап до лекови. За 60 дена, во 66 рурални средини ќе се отворат аптеки. На овој начин ќе се намалат трошоците кои ги жителите ги имаа патувајќи во друг град за да купат лек.

„На овој начин сакаме тоа финасиско оптеретување што пациентите го имале да го анулираме, да ја доближиме комплетно услугата до нивното место за живеење. Ако има матичен лекар да има и аптека. Тој да препише лек, аптеката да го издаде лекот“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.     

Фирмите кои имаат повеќе од две аптеки во населени места или пет низ цела држава имаат обрска да отворат аптеки во рурални средини. Доколку не ја исочитуваат обврската ќе им се одземе лиценцата за работа.

„Битна работа е што лековите ќе паднат на терет на фондот, пациентите ќе ги земаат овие лекови на терет на државата.  А финансиска помош од страна на Министерството кон сите аптеки кои отвараат подружници, аптекарски станици“, вели Марија Дарковска Серафимовска, директор на Бирото за лекови.

Отварање аптеки во рурлни средини е пракса на повеќе европски земји. Македонија го следи германскиот модел.

Во овие рурални аптеки ќе работат фармацевски техничари во една смена. На овој начин на жителите им се овозможува поголема достапност на лекови.

 

Андријана Атанасовска