Продолжува битката за Кобане - Курдите во Турција на нозе
Алармантна состојба во градот Кобане на сириско –турската граница. Жестоки борби меѓу џихадистите од Исламската држава и курдите. Медиумите јавуваат дека екстремистите се повлекуваат од некои квартови поради воздушните напади на коалицијата, но се уште држат под контрола поголем дел од градот. И Канада соопшти дека се приклучува во нападите. Сириските организации за човекови права и ОН апелираат за меѓународна помош.

„Светот може преку слики да види што се случува во Кобане. Најдлабоко ќе зажалиме доколку ИД успее да го заземе градот кој толку храбро се брани. Но тоа наскоро нема веќе да биде можно. Затоа мора да реагираме веднаш “, рече Стефан Де Мистура специјален претставник на ОН.
Поради случувањата во Сирија на нозе се Курдите во Турција. Најмалку петнаесетмина луѓе загинаа 35 –мина се повредени судирите меѓу демонстранти и полицијата во дваесетина града со мнозинско Курдско население. Тие се револтирани бидејќи Анкара не ја поддржуваат на терен коалицијата против борците на Исламската држава. При нередите уништени се приватни објекти и автомобили. Затворени се основните и средните училишта во Дијарбекир. Не сообраќаат возовите на релација Мерсин и Адана. Министерот за внатрешни работи повика на смиреност. Претседателот Ердоган ги посети бегалците во Газиантеп.
„Вие не можете да ги запрете нападите на џихадистите. Кобане е речиси под контрола на Исламската држава“, рече Реџеп Таип Ердоган претседател на Турција.
САД го интезивираа притисокот врз Турција да се приклучат во бомбардирањето. Генералот Џон Ален, спрецијален пратеник на претседателот Обама за меѓународната алијанса против ИСИС утре ќе ја посети Анкара за натамошни разговори со владата.
Марија Петковска