Спречена тепачка во „Васил Антевски-Дрен“

25.12.2013 18:52

Во средното училиште Васил Антевски-Дрен во скопска Кисела Вода е спречен обид за тепачка

Неколку лица со метални прачки и со фантомки на главите се обиделе насилно да влезат во училиштето.Реагирало обезбедувањето,а била повикана и полицијата,која успеала да ги спречи насилниците.Кај неколку малолетници е најдено ладно оружје.Биле приведени во полициска станица на разговор.Директорот на училиштето за МТВ вели дека немало физички контакт меѓу учениците.Очигледна намерата била да се предизвика инцидент.

,,Во училиштето претежно се девојчиња и добра цел им се за деструктивно однесување.Брзо се реагираше,не дојде до физички контакт, добре  беше кога имаше полиција во училиштето.Ви реков, овде претежно се девојчиња и полесно им е на таквите насилници во вакви училишта да прават проблеми,, вели директорот на средното училиште ,,Васил Антевски-Дрен,,.

Од МВР го потврдија инцидентот.Велат дека дејствувале превентивно.Пред училиштето беше забележливо присуството на полицијата која легитимираше.

Директорот Канурков од педагошки аспект смета дека институциите треба да дејствуваат поактивно.Причината за ваквото однесување на малолетниците ја гледа во законската регулатива што ја третира малолетничката деликвенција.

Милчо Велески