Тела на починати од ебола лежат на улиците на главниот град на Сиера Леоне

08.10.2014 17:55

На улиците на главниот град на Сиера Леоне лежат телата на починатите од ебола, поради штрајкот на погребалните работници. Властите велат дека сега имаат пари за плата.

„Не сме зеле плата две недели, а ни требаат пари. Не ни е грижа ако телата останат да лежат низ градот, си ги сакаме парите. Доволно сме оцрнети во заедницата, бараме владата да ни плати“, рече еден вработен во тимот за погреби.

Шпанските власти соопштија дека заразената медицинска сестра веројатно си го допрела лицето со ракавица лекувајќи го заболениот свештеник. Кога побарала лекарска помош, и бил даден само парацетамол. Веќе четири луѓе се во карантин, како превентивна мерка ќе биде успиено нејзиното куче, на што се спротивстави сопругот. Шпанскиот премиер и министерката за здравство пред парламентот го бранеа здравството.