Еболата ја однесе првата жртва во САД
Почина Томас Данкан, првиот и за сега единствен Американец заразен со ебола. Вирусот го добил во родната Либерија, а беше во карантин во болница во Тексас. На американските аеродроми итно се воспоставени процедури за мерење на температурата на патниците од ризичните земји. Во Сиера Леоне, пак, на улиците на главниот град лежат телата на починатите од ебола, поради штрајкот на погребалните работници.

„Не сме зеле плата две недели, а ни требаат пари. Не ни е грижа ако телата останат да лежат низ градот, си ги сакаме парите. Доволно сме оцрнети во заедницата, бараме владата да ни плати“, вели вработен во тимот за погреби.
Шпанските власти соопштија дека заразената медицинска сестра веројатно си го допрела лицето со ракавица лекувајќи го заболениот свештеник. Кога побарала лекарска помош, и бил даден само парацетамол. Веќе четири луѓе се во карантин, како превентивна мерка ќе биде успиено нејзиното куче, на што се спротивстави сопругот. Шпанскиот премиер и министерката за здравство пред парламентот го бранеа здравството.