Расте производството на млеко

09.10.2014 10:20

По неколку години е забележан пораст на производството на млеко за скоро 9 проценти. Со соработката на млекарниците и на фармерите истовремено е зголемен и квалитетот на овој производ...

Побарувачката и повисоките стандарди ја раздвижија млекопреработувачката  индустријата. И субвенциите за квалитетно млеко стимулативо делуваа во овој сектор.

Млекарниците да обезбедат доволно и добра суровина им помагаат на фармерите да ги зголемат фармите и да набават високо млечни крави.

Според статистика лани се произведени 380 милиони литри кравјо млеко, што е повеќе за скоро 9 проценти. Поголема е и продуктивоста по молзна крава од 2.900 на 3.000 литри.

Најголемо производство на млеко има во Полошкиот регион, каде што лани се произведени 105 милиони литри, а по него следуваат Пелагонискиот со 103 и Скопскиот регион.

 

Методија Трајков