Струмичанецот Митко Аризанов- најстар ловџија
Ловџиска приказна или не- најстариот ловџија најверојатно е струмичанецот Митко Аризанов кој сеуште е активен и полн со адреналин кога е во прашање ловот...

95 годишниот Митко Аризанов е најстариот ловџија во Струмица. Иако веќе е навлезен во длабока старост сеуште преку неделата другарува со колегите ловџии, а за викенди неуморно лови дивеч. Вели дека има сила и волја да се носи со адреналинот на ловот.
Во моментот 300 активни ловџии рекреативно ги посетуваат терените на ловното друштво Беласица. Она што некогаш било алатка развој на цивилизациите, денес е социјална категорија која ги зацрврстува врските меѓу ловџиите.
„Одиме на лов, најмногу ловиме дива свиња“, вели ловџијата Зоран Божинов.
Ловниот туризам е магнет за гости не само од Македонија, но и од надвор, велат од ловното друштво Беласица. Последниве години се зголемил и бројот, но и видовите дивеч со кои располага ова друштво.
„Има ловен туризам, доаѓаат ловџии од Грција и од Италија“, додава Марјан Даскаловски, претседател на ЛД „Беласица“ Струмица.
На 11 октомври, кај браната Водоча, ловното друштво Беласица го организира традиционалниот ловечки ручек на кој ќе присуствуваат околу 500 ловџии. Тој дена освен бесплатниот појадок, ловците може да ловат повеќе видови на крупен и ситен дивеч.
Катерина Давчева
