Одбојка

САД и Кина без право на грешка

09.10.2014 10:44

Голем е исчекорот,кој што го направија одбојкарките на Бразил и Италија на отворањето од третата фаза од светското првенство. Со максималните победи со 3:0 практично зачекорија  во полуфиналето.За  Кина и САД преостанува синоќешната инфериорност  денеска да ја надоместуваат.

Голем е исчекорот,кој што го направија одбојкарките на Бразил и Италија на отворањето од третата фаза од светското првенство. Со максималните победи со 3:0 практично зачекорија  во полуфиналето.За  Кина и САД преостанува синоќешната инфериорност  денеска да ја надоместуваат. Мисијата на Кинеските навидум,  за нијанса е полесна.На мундијалите секогаш ја победувале репрезентацијата на Доминиканската Република.Тоа го направија и на тековното првенство, во претходната фаза со 3:2.Овој резултат е предизвик за Доминиканките, да ја прекинат лошата резултатска серија  против екипите од Далечниот исток и да ја испишат највозбудливата страница од својата одбојкарска историја.

Хит на вечерта во „Медиоланум форум“ во Милано е САД-Русија.Клучен момент за селекциите, одбојкарски гиганти,  да се изборат за  местото  кое води  во полуфиналето.Русинките 13 пати во континуитет учествувале во распеределбата на медалите.Целта им да го сочуваат тој континуитет, да го одбранат златниот медал од пред четири години.Американките по синоќешниот италијански дебакл се без право на грешка.И со доза на  самодоверба по триумфот од пред неколку дена над Русија со 3:1 во групната фаза. Победа извојувана после долги 12 години.

Милано: трета фаза

Вчера:

Бразил-Кина 3:0

Италија-САД   3:0

Денеска:

17.30 Кина- Доминиканска Република

20.00 САД-Русија