Коалицијата со жестоки воздушни напади против ИДИЛ
мериканскиот претседател изрази увереност дека САД ќе продолжат да напредуваат во борбата против групата Исламска држава...

Американската војска и сојузничките земји извеле осум воздушни напади врз цели на милитантите на Исламската држава во близина на опколениот сириски град Кобане. Австралија започна напади врз Исламска држава во Ирак со борбени авиони Супер Хорнет, потврдија од министерство за одбрана. Не се соопштува какви објекти се нападнати.
„Австралија го направи она што можеше. На овој начин им помагаме на ирачката Влада, на ирачкиот народ и себеси“, изјави австралискиот премиер Тони Абот.
САД со помош на сојузниците веќе 15 дена напаѓа цели на самопрогласениот калифат во Сирија, а веќе два месеци во Ирак. Американскиот претседател изрази увереност дека САД ќе продолжат да напредуваат во борбата против групата Исламска држава.
Во меѓувреме протестите во Турција продолжуваат. Заменик-претседателот на турската прокурдска народно-демократска партија изјави дека Курдите ќе продолжат со протестите, независно од воведениот полициски час.
Ќе престанат во оној момент кога турските власти ќе му помогнат на населението на Кобане, кој веќе три седмици е во рацете на џихадистите.
