Јемен: 29 лица загинаа во бомбашки напад од Ал Каеда

09.10.2014 10:53

Најмалку 29 лица загинаа по неколку координирани бомбашки напади на исламистите од редовите на Ал Каеда врз јеменските безбедносни сили.

Јеменското МВР информира дека во судирите во провинцијата Баида биле убиени 14 војници и 15 исламисти. Седиште на локалните сили за безбедност и камп на специјалци биле цели на нападите.

Јемен се соочува со активен огранок на Ал Каеда. Новиот премиер на Јемен си поднесе оставка , поради силниот отпор на шиитските бунтовници кои го контролираат главниот град од средината на септември.