Случај „Јустиција“: Судскиот совет одлучува за имунитетот на уапсените судии

09.10.2014 11:34

Судскиот совет одлучува за имунитетот на судиите што вчера беа уапсени во полициската акција „Јустиција“. На седницата зад затворени врати, Советот постапува по известувањето на судијата во предходна постапка на скопскиот Основен суд 1 за распитот и одлуката поврзана со уапсените судии и стручни соработници од судот за прекршоци.

Доцна синоќа во Кривичниот суд заврши сослушувањето на 24-те судии и судски службеници. На 19-мина им беше одредена забрана за напуштање на живеалиштето и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело. На останатите 5-мина им е одредена и мерка повремено да се јавуваат кај надлежните органи.