Британските парламентарци со поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО
Ги исполнивте условите за членство во НАТО и во Европска унија и се надеваме дека наскоро ќе се реши проблемот со Грција, а за ова е неопходно што поскоро да се седне на маса и да се разговара, е пораката од Британските парламентарци...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски оствари средба со британски парламентарци, на која било разговарано за македонските евроитегративни процеси, но и за безбедноста.
Јолевски ги предочил фактите зошто Македонија треба да биде дел од НАТО и дека ги исполни критериумите. Британските парламентарци со подршка за нашето Евроатлантско интегрирање.
„Сакам да ја изразам мојата лична критика до одредени постоечки членки на НАТО кои не се подготвени да учествуваат во борбени мисии на НАТО, иако се членки. Од друга страна Македонија иако не е членка на НАТО учествува во борбените мисии и би сакал уште еднаш да го изразам моето почитување за ангажманот на вашите војници во овие мисии“, рече британскиот пратеник Марк Причард.
Ги исполнивте условите за членство во НАТО и во Европска унија и се надеваме дека наскоро ќе се реши проблемот со Грција, а за ова е неопходно што поскоро да се седне на маса и да се разговара, е пораката од Британските парламентарци.
Британските пратеници за време на повеќедневната и воедно прва нивна посета на Македонија се сретнаа и со шефот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
