Синдикален аларм за непочитување на мерките
Само што пристигнува една, веќе заминува друга екипа...600 повици дневно, а викендот што измина биле реализирани рекордни 130 интервенции
„Повеќето беа оние хроничните болни што си ја земаат нивната рдовна терапија и имаат повремено потреба да интервенира нашата служба, оние што се јавуваа, што беа неспецифични симптоми за нив и се јавуваат првпат ги упатувавме кај нивниот матичен лекар или најблиската здравствена установа, а ако имаше потреба се интервенираше од наша страна“- Оливер Алексовски, Шеф на смена на Прва Помош

Во главниот град сообраќајниот метеж е неизбежен... А некои мора да ги завршат обврските. Се изведуваат градежни работи , ама во одобреното време.
„По тоа што го сознавме од институциите и од властите во однос на мерките за заштита до загадувањето, МТВ сакаше да провери колку работодавачите ги извршуваат овие мерки“- Фиљана Кока
20 проценти од работодавачите не ги почитувале мерките. Во јавната администрација спрема бремените , а во приватниот сектор имало и други случаи. Синдикалците ги алармирале трудовите инспектори. Извшени биле близу 270 контроли
„ По основ амн дел од вработени или дел од институции некаде 75 забрани беа изречени и мислам дека проверката и таму каде што беа изречени забраните дополнително уште еднаш беа отидени инспекторите и мислам дека се санирани и елиминирани тие последици.“ -Живко Митревски, Претседател на ССМ
Мерките остануваат да важат до петок. А Министерот Адеми тврди дека би испочитувал една од нив, под одредени услови.
„Доколку има услови да има јавен превоз да има превоз кој е добро организиран , би се откажал“ - Абдулаќим Адеми, Министер за животна средина и просторно планирање
В сабота, зависно од метеоролошките услови Владата повторно ќе одлучува.