Ебола: Во Лајпциг пренесен африкански пациент
Во седиштето на ОН ќе се одржи состанок со лидерите на земјите најпогодени од еболата, ММФ и Светската банка...

Продолжува битката со ебола. Со најголеми безбедносни мерки, во Лајпциг е пренесен африкански пациент, а саксонското Министерство за здравство, соопшти дека станува збор за соработник на ОН.
Во Далас нов случај. Заменик шериф на округот е хоспитализиран со симптомите на болеста. Во седиштето на ОН ќе се одржи состанок со лидерите на земјите најпогодени од еболата, ММФ и Светската банка.
„Доколу кризата не биде ставена под контрола во следните неколку месеци можни се огромни економски штети“, изјави Дејвид Еванс- Светска банка.
Новите мерки за преглед на меѓународните аеродроми во САД треба да бидат уште едно ниво на заштита од еболата, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Според него, шансите за појава на епидемија во САД се мали.
