Се одлага третата фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија
Ќе се одвива во 5 фази, а потрошувачите етапно ќе излегуваат на слободен пазар во зависност од големината на вкупната потрошувачка во претходната година...

Се пролонгира третата фаза од процесот на либерализација на пазарот со електрична енергија, која требаше да стартува на 1-ви јануари 2015-та. Со измени во законот за енергетика, на предлог на Владата, целиот процес се одложува за година и половина и ќе продолжи на 1-ви јули 2016-та.
Ќе се одвива во 5 фази, а потрошувачите етапно ќе излегуваат на слободен пазар во зависност од големината на вкупната потрошувачка во претходната година. Последни на пазар ќе излезат 600 илјади домаќинствата кои ќе станат квалификувани потрошувачи на 1-ви јули 2020-та.
Основна причина за овој чекор е заштитата на живодниот стандард на населението. Од друга страна Македонија и досега е лидер во регионот со околу 44% либерализиран пазар на електрична енергија, додека кај другите земји тој процент се движи меѓу нула во случајот на Косово и Украина, 3% во Молдавија, 8% во Србија и БиХ, 13% во Албанија до најмногу 24% во Црна Гора, појасни министерот за економија, Беким Незири.
Свето Николовски
