Тачи го информира Аиво Орав дека пратениците на ДПА се враќаат во парламентот

09.10.2014 14:34

Лидерот на Демократската Партија на Албанците, Мендух Тачи, на денешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи последниот извештај за напредокот на Македонија од Европската комисија, го известил шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија дека пратениците на ДПА и официјално ќе се вратат во парламентот.

Тачи нагласил дека конечната одлука за враќање на ДПА во парламентот ќе се одлучи на претстојниот конгрес на партијата. Лидерот на партијата е многу задоволен што ЕУ и овојпат ѝ даде позитивна препорака на Македонија, бидејќи доколку не ја добиеше, државава ќе тргнеше кон слободен пад изјави портпаролот на ДПА, Љуан Треси.