Офанзивата на Коалицијата пожестока- ИДИЛ станува се поголема закана

09.10.2014 14:40

Австралија започна напади во Ирак со борбени авиони Супер Хорнет.Не се соопштува какви објекти се нападнати. Медиумите пишуиваат дека е погоден воен објект на милитантите.

„Австралија го направи она што можеше. На овој начин  им помагаме на ирачката Влада, на ирачкиот народ и себеси“, рече австралискиот премиер Тони Абот.

Претседателот на САД, Барак Обама е уверен дека ќе продолжат да напредуваат во борбата против милитантите. Американската војска и сојузничките земји извеле осум воздушни напади врз цели на Исламската држава во близина на опколениот сириски град Кобане.

Во Турција продолжуваат  протестите. Турскиот Премиер повика на воздржаност.

„Насилните протести се претворија во вандализам и организиран криминал. Најмалку 19 граѓани загинаа, 145 се повредени, а 368 луѓе од различни провинции се  уапсени .Ги повикувам сите граѓани да останат смирени“, изјави  Ахмет Давотоглу,

Курдите велат дека ќе престанат со протести во оној момент кога турските власти ќе му помогнат  на населението на Кобане.

Генералниот секретар на НАТО во првата посета на Турција откако ја презеде функцијата разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавусоглу за Исламската држава во Ирак и Левант како реална закана по безбедноста.

„Исламската држава претставува голема закана за ирачкиот народ, сирискиот народ и на земјите членки на НАТО. Важно е  целата меѓународна заедница да остане обединета“, изјави Јанс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО.

Генералниот секретар на Алијансата ги поздрави одлучувачките акции преземени од САД и сојузниците, како и одлуката на турскиот Парламент да се вклучи Турција поактивно справување со кризата.

Маријана Димовска