Судскиот совет суспендира дел од приведените судии
Судскиот совет суспендира 9-мина судии и 12 судски службеници од одделот за прекршоци, што беа уапсени вчера во полициската акција „Јустиција“.
Александра Зафировска, претседателката на Советот вели дека ова е превентивна мерка за забрана за вршење работна дејност поврзана со кривичното дело.
Долго време биле следени, а имале и лоши оценки за работата. Решенијата за наплата на прекршоците ги чувале во фиоки.
Во случајот „Јустиција“ осомничени се 14 судии и 11 стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1.