За бездомниците пакети со храна
Денот година, мака голема . Со овие неколку збора Јован Пешиќ го опиша неговиот мачен живот. Бездомник е повеќе од 12 години . Без работа , и без дел од татковата куќа што му следува бидејќи е скаран со браќата.. Собира старо железо и така преживува.
-Работам вадам некој денар. Тешко е .Имам ќерки. Не можат да ми помагаат,вели Јован Пешиќ.
И оваа жена петта година е без покрив над главата по смртта на партнерот. Им помага на пазарџиите за корка леб. Доаѓа во центарот за бездомници во Момин Поток.

-Од пазарот заработувам и овде ни дават храна ,се бањаме имаме и лекар вели Бранка Саздовска.
Пред празничниот период градоначалникот на Скопје им подели пакети со храна и облека.
- Со изградба на оваа прифатилиште, бездомните лица ќе имаат множност двапати во неделата да дојдат овде каде што ќе добијат нега и топол кревет. Тука има храна, пијалаци, медицински услуги и психолог,рече Коце Трајановски градоначалник на град Скопје.
Градот секоја година за функционирање на овој пункт донира околу 450 илјади денари. Донираат и други.
-Се трудиме во рамките на тоа што значи проценка на нивните проблеми да им излеземе во пресрет. Честопати одредени проблеми и не се во наша надлежност за решавање, бидејќи дел од тие луѓе имаат семејства коишто едноставно ги раскинале врските со нив рече Сузана Тунева од Црвениот крст.
Центарот за бездомници е отворен 24 часа. Годинава осумдесет и четворица го имале за свој дом.
Дијана Ценевска