Здравствените власти со превентивни мерки за аџиите кои се враќаат од Мека
Околу илјада Аџии што ќе се вратат од Мека ќе бидат подложни на проверка на граничниот премин Блаце и на Скопскиот аеродром, поради евентуално пренесување на ебола, маларија, колера и респираторна треска, која единственоја има во Саудиска Арабија.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Ѕвонко Миленковиќ, рече дека системот веќе неколку месеци наназад активно се подготвува, а лицата кои патуваат во целост биле информирани за начините за заштита од акутни инфективни заболувања и им биле поделени флаери за начинот на постапување во различни ситуации.
По денеска одржаниот состанок на Комисијата, тој укажа на посебна едукација на лекарските тимови кои биле упатени заедно со тие патници и добиле одредени инструкции за постапување и организирано пристапување односно проективен контакт со лицата кои заминале на аџилак.