ЕК: Економијата на високо ниво, слабостите се надминуваат

09.10.2014 15:28

Генералните оценки од Европската комисија се дека земјата има постигнато доволен напредок за да премине во следната фаза од процесот на проширување...

Македонија останува посветена на растот на економијата и намалување на невработеноста. Фокусирана на привлекување на странски директни инвестиции и развој на домашниот сектор – оценува Европската комисија. Пофалби за економскиот раст и бизнис климата, забелешки за пазарот на труд и буџетската дисциплина. Продолжило економското закрепнување, се задржала финансиската стабилност, треба да се работи на намалување на невработеноста иако има пад, останува проблемот со високата стапка кај младите лица. Најголем дел од работните места се во ниско продуктивните сектори, треба да се подобрат кавлификациите на работниците.

„Изгледите за раст и вработување во најголема мера зависат од бизнис – климата во домашниот приватен сектор и за поддршка на ова, потребно е понатамошно олеснување на лиценцните процедури, и охрабрување на поврзаноста мегу домашните и странски компании“, стои во препораката од официјален Брисел.

Задржана е макроекономската стабилност, пазарот на труд има напредок, економското заздравување што почна пред две години добива на интензитет, забелешка за фискалната дисциплина и транспарентноста на трошењето јавни финансии. Експертите велат, ЕК детектирала слабости во областите во кои веќе се работи за надминување.

„Ова се области на кои се работи, во коишто веќе има подобрувања, главно пазарот на турд, бидејќи она што е забелешка дека без функционален пазар на труд не можете да воспоставите функционална пазарна економија, како еден од основните критериуми за членство во ЕУ, меѓутоа мерки се преземаат и состојбите ќе се подобрат“, вели проф. д-р Никица Мојсовска.

Генералните оценки од Европската комисија се дека земјата има постигнато доволен напредок за да премине во следната фаза од процесот на проширување.

Наспроти оценките на Европската комисија, ММФ во последниот изврштај констатира Македонија има најголем раст од сите земји во регионот. Годината ќе ја заврши со 3,4 насто, наредната со 3,6 а во 2019 тата ќе достигне 4 проценти.

Инфлацијата годинава ќе изнесува 0,6 насто прогнозираат меѓународните монетарци, позиционирајки го трговскиот дефицит на 4,6 односно 5,7 проценти во 2015- та.

Темен облак над светскиот раст, кревко, бавно и нерамномерно закрепнување, висока невработеност – стои во Извештајот од Вашингтон. 

Сузана Фиданска- Стоевска