Адеми: Без јавна дебата нема да се воведе државниот испит за студентите

09.10.2014 16:09

Без јавна дебата со академската заедница нема да се воведе државниот испит за студентите. Министерот за образование Абдилаќим Адеми тврди дека ова е само идеја, финалната одлука не е донесена. За било каква измена во Законот за високо образование најпрво ќе се прашаат студентите.

„Ги повикувам сите да дадат свои размислувања, без да се плашат за тоа што ќе го кажат јавно, затоа што Македонија е демократска држава, а МОН ќе ги прифати сите размислувања“, нагласи министерот Адеми.

Денеска Министерот оствари и средба со претставници од студентските парламенти. Се дискутирало за тековните реформи кои Владата ги спроведува за унапредување на системот на високото образование и на студентскиот стандард, како и за реформите коишто се планирани во следниот период.