Интензивно се гради автопатот Миладиновци –Штип

09.10.2014 16:49

Новиот автопат ќе овозможи за Штип да се стигнува за само половина час. Долг е 47 километри, а ќе има 8 надвозници...

Таблата на излезот од селото Средно Коњаре ја означува градежната зона. Предупредува дека кон ридот камионите го превезуваат градежниот материјал и треба да се движат полека. Механизација на неколку места забележа камерата на МТВ. Додека едните го пробиваа патот Миладиновци – Штип, на друго место се подготвуваше теренот за надвозници. Овој жител на скопското село Коњаре не жали за својата нива бидејќи за него ова е долгоочекуван проект.

„Штип- Коњаре ќе биде 42 километри оддалечено сега. За нас е многу подобро“, вели жител на селото Средно Коњаре.

Новиот автопат ќе овозможи за Штип да се стигнува за само половина час. Долг е 47 километри, а ќе има 8 надвозници. Ова е еден од нив. Инженерите будно ја следат изградбата на овој како што велат насип од земја кој на секои 30 сантиметри се тампонира, а потоа и лабораториски се испитува неговата издржливост. Преку овој канал ќе треба да поминува водата која ќе се слева низ ридовите.

На овој дел од трасата Миладиновци- Штип во тек е изградбата на насип којшто треба да ги поврзе овие два рида. Воедно ќе биде изграден и мост на реката Пчиња.

На терен се и претставниците на кинеската компанија.

На тререн се и претставниците на кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитед. Автопатот Миладиновци – Штип се реализира  со кредит од кинеската Ексим банка во износ од 206 милиони евра, со рок на исплата 20 години.

Дијана Ценевска