Медиумските закони во Собрание
За власта, решенијата се носат на транспарентен начин , за опозицијата, проблематична нивната содржина – собраниска расправа за законите за медиуми. Министерот Иво Ивановски вели дека се отворени за конструктивни предлози.
Се водиме во насока да се добие квалитетна легислатива, закони кои ќе ја подобрат медиумската свера.плурализмот е приоритет – рече Ивановски.
Пратениците од мнозинството со став дека опозицијата посакувала да нема договор за законите. Ссоцијалдемократите тврдат дека слободата на изразување се ограничува.

Социјалдемократскиот сојуз нема да подржи ваков ретрограден и недемократски закон за аудио и аудиовизуелни услуги – рече од говорницата пратеникот Емилијан
Станковиќ.
Наша цел е да постигнеме широк консензус, овој закон е донесен со запазена транспарентност овој закон еден е еден од законите во целокупната плурална историја на Македонија кој е донесен на најширока можна платформа –Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Беким Фазлиу од ДПА законот е многу штетен и цензузира, на што доби одговор од неговиот колега од ДУИ Неџати Јакупи дека кога тие биле на власт ги сквернавеле медиумите.
Иако ЗНМ и министерството за информатичко општество имаа договор, дел од новинарите од собраниската галерија со транспарент порачаа – не во наше име.
Миле А. Ристески