По апсењето на судиите нема да има застој во работењето на судот за прекршоци
Во полициската акција Јустиција беа уапсени 14 судии и 11 стручни соработници од одделот за прекршоци. Се товарат за кривично дело несовесно работење во службата...

Граѓаните кои денеска имаа закажано термин за судење во скопскиот суд за прекршоци биле примени. Рочиштата им биле презакажани за друг ден.
Овде во судот за прекршоци останаа 4-рица судии. Тие ќе постапуваат по затекнатите предмети, додека Судскиот Совет не делегира судии на определен период на барање на Скопска единица.
Од Кривичниот суд велат дека нема да има застој во работењето. Судскиот совет пак ќе направи анализа за состојбите во судовите кој се наоѓаат на скопското апелациско подрачје за да делегира судии од другите судови. Мал е бројот на застарени предмети оценуваат од Судскиот совет, освен затекнатата состојба во Скопска единица – оддел за прекршоци.
Во полициската акција Јустиција беа уапсени 14 судии и 11 стручни соработници од одделот за прекршоци. Се товарат за кривично дело несовесно работење во службата. Незаконски постапувале со над осум илјади предмети во прекршочна постапка со што ја оштетиле буџетската каса за 68 милиони денари.
Наташа Гркова-Петрушевска
