Никовски: Доминантна веле сила ги кочи политичките процеси на Македонија

09.10.2014 16:57

Според Никовски, интересите на големите за Балканот се прекршуваат врз Македонија. Кога тие прилики ќе се сменат дури тогаш земјава може да смета на преговори со ЕУ и членство...

Дали Брисел е понемоќен во однос на Атина имајќи предвид дека и во последниот извештај спорот со името е акцентиран дека мора да се реши. Дипломатот Ристо Никовски  констатира- доминанта веле сила ги кочи политичките процеси на Македонија. За него интересите на големите за Балканот се прекршуваат врз Македонија. Кога тие прилики ќе се сменат дури тогаш земјава може да смета на преговори со ЕУ и членство.

„Во прашање е една политика, конзистенста, упорна, бескомпромисна, која дефакто ја држи Македонија веќе четврт век на работ од еден длабок понор, и таа политика продолжува“, потенцира Никовски.

Извешатаите на Европската комисија се технички дел вели Никовски, добри се затоа што даваат смерници на што да се концентрираме.

„Треба да ги земаме пред се премногу сериозно, бидејќи отсликуваат и политики и контрадикции и состојби во самата Комисија, да не заборавиме дека со тојизвештај се рефлектира и задоволството на Комисијата од начинот на кој ја третира Македонија“, додава Никовски.

Аналитичари и европратеници се произнесоа дека Македонија одамна требала да ги почне преговорите со Унијата бидејќи земјата има капацитет за тоа.

Во последниот извештај, Брисел оцени дека политичките критериуми се на задоволително, а економските на високо ниво. 

Миле А. Ристески