Еболата забрзано се шири - светот пред закана од епидемија?
Нови случаи на заболени со вирусот ебола. Дали светот е под закана од епидемија? Со најголеми безбедносни мерки во Лајпциг е пренесен висок функционер на ОН кој пристигнал од Либерија. Нов случај на заболен и во Далас. Во Австралија медицинска сестра е во карантин откако лекувала болни во Сиера Леоне.
„Пациентката има треска и е изолирана. Ги направивме сите потребни анализи“, рече Јанг Докторка, докторка.
Шефот на Светска банка Џим Ким побара фонд од 20 милијарди долари за борба со болеста во најзагрозените делови на Африка.

„Економските последици од еболата ќе бидат многу поголеми отколку што очекувавме“, рече Дејвид Еванс, економист во Светска банка.
Американскиот претседател Обама најави позасилени безбедносни мерки на аеродромите за патниците што доаѓаат од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.