Австралија се вклучи во нападите против Исламската држава
Австралија се приклучи на коалицијата во нападите против Исламската држава, почна со напади во Ирак со борбените авиони Суперхорнет.
„Австралија го направи она што можеше. На овој начин им помагаме на ирачката влада, на ирачкиот народ и себеси“, рече Тони Абот, премиер на Австралија.
Сојузничките сили бомбардираа повеќе од осум цели на џихадистите во близина на стратешкиот град Кобане, околу кој се водат најголемите борби. Во Турција продолжуваат демонстрациите за поддршка на Курдите во Сирија. Турскиот премиер повика на воздржаност.

„Насилните протести се претворија во вандализам и организиран криминал. Ги повикувам сите граѓани да останат смирени“, рече Ахмет Давотоглу, премиер на Турција.