Македонија со пресврт го совлада Луксембург
Во двојниот јубилеј на нашиот фудбал, 50 квалификациски натпревар за ЕП и 100 вкупно во квалификациите за СП и Е П Македонија го совлада Луксембург со 3 : 2. Тоа беше меч кој долго ќе се памети од повеќе аспекти, во кој имаше и атрактивни моменти и доста падови во играта, натпревар со многу прсеврти но и неочекувани потези. Нашите фудбалери од почетокот наметнаа игра на противничката половина што резултира со првата шанса на Трајковски, кој во 10 минута биеше покрај дирекот.

Во двојниот јубилеј на нашиот фудбал, 50 квалификациски натпревар за ЕП и 100 вкупно во квалификациите за СП и Е П Македонија го совлада Луксембург со 3 : 2. Тоа беше меч кој долго ќе се памети од повеќе аспекти, во кој имаше и атрактивни моменти и доста падови во играта, натпревар со многу прсеврти но и неочекувани потези. Нашите фудбалери од почетокот наметнаа игра на противничката половина што резултира со првата шанса на Трајковски, кој во 10 минута биеше покрај дирекот. Гостите се обидуваа да парираат и успеваа се до 20 минута, кога Трајковски одзеде една топка на средината од теренот, направи вистински слалом низ противничката одбрана и во манир на искусен стрелец го совлада голманот Жубер.
Од тој момент наместо да продолжат со сигурна игра, конфузијата беше главна одлика во нашата игра. Се тргна низбрдо по жестокиот судир на Мојсов и Демири, кои во обид да ја расчистат опасноста заработија повреди, по кои натпреварот неколку минути беше во прекин. Двајцата останаа во игра, но од тој момент играта на нашите драстично падна, што гостите знаеја да го искористат. Најпрвин по одлично изведениот слободниот удар во 39 минута, Бенси го израмни резултатот на 1 : 1, за во 44 минута да му асистира на Турпел кој умешно се снајде во дуелот со Пачовски и му донесе неочекувано водство на Луксембург по првите 45 минути.
Вториот дел почна со двојната замена Алиоски и Абдурахими на местото на Цуцули и Ибраими, што резултира со многу поагилна игра. Се редеа шансите во првите 15 минути, кои резултираа со ударите кон голот преку Муарем, Костовски Мојсов, Абдурахими и Ристовски кои редовно биеја надвор од рамката на голот. Формацијата се преточи во поофанзивна со влегувањето и на третиот адут од клупата Јаховиќ за дополнителен импулс во нападот, што конечно донесе пресврт. Најпрвин во 66 минута кога Абдурахими беше соборен во противничкиот казнен простор од Филипс, по што Јаховиќ израмни од удар од белата точка, а по уште неколку нереализирани акции во судиското надополнување Абдурахими со вистински еврогол и донесе победа на репрезентацијата на Македонија. Прва победа во новиот циклус во која нашите фудбалери демонстрираа голем карактер со кој ги пребродија сите пехови и се изборија за првите 3 бода, во пресрет на неделното гостување кај Украина во Лвов.
