Живинарите на мака
10.10.2014 10:09
Македонските и европските живинари имаат мака. За пет години ќе мора да го сменат системот на одгледување на несилките во кафези. Ќе им требаат нови инвестиции, и поголем простор.

За пет години, фармерите несилките од кафезите ќе треба да ги одгледуваат на поголеми површини и во посебни услови.
Асоцијацијата на земјоделците смета дека оваа обврска, македонските и европските производители на јајца може да ги доведе до затворање на капацитетите.
Ќе мора да инвестираат во опрема и зголемување на површите кои се веќе ограничени.
Тоа ќе ја зголеми цената на производот и ќе ги направи непрофитабилни.
Вкупниот број на живина во Македонија изнесува скоро 2 милиони, а 42 проценти се во големите фарми со по 80-100 илјади несилки.
Методија Трајков
