Ебола

Надлежните ги преземаат сите мерки на претпазливост и заштита

10.10.2014 10:30

Нема нови случаи со симптоми слични на британскиот турист кој вчера почина на Инфективната клиника во Скопје – потврдуваат докторите. Се превземаат и сите мерки на претпазливост и заштита. Здравствените власти денеска ќе испратат во странска лабораторија материјал од обдукцијата за да се утврди дали се работи за ебола. Анализите ќе бидат направени во Германија. Резулатите ќе бидат познати по 48 часа.

Блокиран е целиот реон околу хотелот во кој престојувал Британецот. Се применуваат сите карантински протоколи – регистрираше камерата на МТВ. Задрвствените институции заедно со специјални полициски сили ги преземеаат мерките на безбедност. Извршена е дезинфекција – проверени се и вработените и гостите.

Денеска се очекува со автобус да пристигне првата група аџии. Здравствените власти во земјава најавија превентивни мерки на граничните премини и на аеродромите за да се спречи можно пренесување на ебола, маларија, колера и респираторна треска, што ја има единствено во Саудиска Арабија.