Словачка подобра од европскиот првак, Украина со цел плен во Белорусија

10.10.2014 10:35

Покрај победата на фудбалската репрезентација над Луксембург, синоќа се одигра комплетното 2 коло во „Ц„ групата во квалификациите за Е П во Франција 2016 година. Големо изненадување приреди Словачка, која ја совлада Шпанија со 2 : 1. Словаците поведоа со голот на Кучка во 17 минута, а вистинска драма се случуваше во завршницата од мечот. Најпрвин Алкасер израмни во 82 минута, а Штох на 3 минути пред крајот ја обезбеди победата на домашните, со што Словачка ја оствари втората победа, по онаа на гости против Украина.

Во пресметката на поранешните заеднички држави меѓу Белорусија и Украина славеа гостите, кои постигнаа два гола во завршните десет минути. Најпрвин поведоа со автоголот на Мартинович во 82 минута, а победата ја потврди Сидорчик во судиското надополнување.

Резултати од 2 коло:

Македонија – Луксембург 3 : 2

Словачка – Шпанија 2 : 1

Белорусија – Украина 0 : 2

Табела

  1. Словачка 6
  2. Шпанија 3
  3. Украина 3
  4. Македонија 3
  5. Луксембург 1
  6. Белорусија 1