Дали е на повидок нова вакцина за спас од смртоносната ебола?
Дали е на повидок спас од смртоносната ебола. Се прави клиничко тестирање на нова вакцина на здрави доброволци. Четириесет лица се тестираат во Мали, дваесетина ја примиле вакцината во Националниот институт за здравје во САД и 60 во Велика Британија. Ова е само првата фаза од процесот пред вакцината произведена од фармацевтска компанија „Глаксо Клајн“ да биде одобрена.
„Ова се случува навистина брзо. Она што обично трае по шест месеци ние го сторивме за четири недели“, рече Адриан Хил, главен истажувач.

Од институтот за јавно здравје велат дека вакцината покажала добри резултати кај животни, но ова е прво тестирање на луѓе. Во меѓувреме состојбата на медицинската сестра од Мадрид се влошува. Нов случај на заболен во Далас, во Австралија, во Бразил, Северен Кипар и во Чешка. Светските медиумите известуваат и за непотврдениот случај на заболен во Македонија. Брзо проструи информацијата за британецот, кој вчера почина на инфективната клиника во Скопје. Во регионот се преземаат превентивни мерки. Во Србија, над 700 луѓе се под медицински надзор. Во Атина итен состанок на здравствени власти за дополнителни мерки за заштита од болеста од која до сега во Африка починаа над 3800 лица . На вчерашниот собир во седиштето на ОН лидерите на земјите најпогодени од ебола побараа помош од заедницата.
„Работиме напорно за да се спречи епидемијата. Повеќе од кога и да е, ни требаат квалификувани и посветени работници кој ќе се приклучат на борбата против Ебола“, рече Елен Џонсон Сирлиф, претседател на Либерија.
И додека еболата зема сериозен замав, еден патник за време на летот од Филаделфија кон Домениканска Република се пошегувал на сметка на болеста. Пред 290 патници рекол дека бил во Африка и е заразен од смртоносниот вирус. Тоа предизвикало паника а специјални екипи го извадиле од авионот. По направениот тест, лекарите утврдиле дека патникот не бил заразен. Министерството за здравство на Доминиканската Република морало да ги смирува страстите а останатите патници биле задржани во авионот цели два часа.
Маријана Димовска