Прекинат бојкот на настава во Сливник
На средбата на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и на градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев со родителите на учениците коишто од почетокот на учебната година ја бојкотираат наставата на своите деца поради несоодветните услови во училиштето во село Сливник. Министерот потврдил дека е изработен проект кој предвидува доградба на нов училишен објект, како и санација на постојниот. Со тоа ќе се создадат значително подобри услови за одвивање на воспитно образовниот процес, а ќе се реализира со средства од буџетот на министерството.

Адеми побарал од родителите да го прекинат бојкотот и децата да се вратат во училиште. По одржаниот состанок Советот на родители го известил министерството за образование и наука дека донел одлука од денеска наставата да продолжи да се одвива нормално.